Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло до 34 степени, попладне дожд и грмежи

Сончево и топло до 32 степена

Скопје, 27 јуни 2020 (МИА) – Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне претежно во западните делови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 27 до 34 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе спушти до 17, а дневната ќе достигне 34 степени.

И во недела во попладневните часови претежно во западните делови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од понеделник ќе преовладува сончево и многу топло време.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митрески до Кочоска: Зошто 44 милиони евра пари на осигурениците не се префрлени во вториот столб – кој ќе ја надомести штетата?

До 18 часот регистрирани шест пожари на отворено

Николоски: Овозможивме раст од 32 % повеќе патници на аеродромите и раст од околу 20 % на странските туристи