Утрински Весник
Спорт

Дејвис Купот и Купот на Федерации преместени за 2021 година

Дејвис Купот и Купот на Федерации преместени за 2021 година
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Лондон, 26 јуни 2020 (МИА) – Последните кола од тениските натпреварувања Дејвис Купот и Куп на Федерациите 2020 се одложени за во 2021 година, пренесува прес-службата на Меѓународната тениска федерација.

Финалето на Дејвис купот требаше да се одржи во Мадрид од 23 до 29 ноември 2020 година, а новиот датум за старт на турнирот беше 22 ноември 2021 година.

Финалето на Купот на Федерациите требаше да се одржи во Будимпешта од 14 до 19 април 2020 година, но беше одложено поради пандемијата на коронавирус. Новите датуми за турнирот се од 13 април до 18 април 2021 година. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата