Утрински Весник
Спорт

Игуаин во конкуренција за настап на дуелот со Лече

Игуаин во конкуренција за настап на дуелот со Лече

Торино, 26 јуни 2020 (МИА) – Лидерот во Серија А, Јувентус ги објави имињата на фудбалерите кои се во конкуренција за настап на вечерашниот натпревар од 28. коло со Лече.

Меѓу пријавените е и аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин, кој претходно се опорави од повредата.

Во исто време, поради скратен ростер, во пријавата има само четворица дефанзивци.бранители. Хуан Квадрадо, кој игра на десната страна во одбрана, е преместен во офанзивниот дел на тимот. Данило е дисквалификуван, повредени се Де Шиљо, Алекс Сандро, Киелини и Демирал, како и играчот од средниот ред Сами Кедира.

Натпреварот Јувентус – Лече ќе почне во 21:45 часот во Торино. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

18 млади репрезентативци одат на светско првенство со самофинансирање – за што служи Министерството за спорт, прашува Левица

Светската џудо елита викендов ќе се натпреварува во „Јане Сандански“

Интер Мајами го освои Купот Кампеонес, Меси го постигна својот 100. гол за клубот од МЛС