Утрински Весник
Спорт

Откажан е ракометниот плеј-оф во женската Лига на шампиони 2019/20

Откажан е ракометниот плеј-оф во женската Лига на шампиони 2019/20

Москва, 26 јуни 2020 (МИА) – Европската ракометна федерација реши да го откаже завршниот „Фајнал фор“ турнир од женската Лигата на шампионите за сезоната 2019/20, а со тоа и четвртфиналните мечеви.

Главната причина за ваквата одлука на ЕХФ е стравот за здравјето на ракометарките и тренерскиот персонал на екипите во екот на пандемијата на коронавирус.

Ф4 турнирот требаше да се одржи во Будимпешта од 3 до 6 септември.

Одлуката за предвремено ставање крај на Лигата на шампионите оваа сезона, нема да влијае на стартот на следната сезона. Првото коло од групната фаза од новата сезона е закажано за 12-13 септември. Ждрепката ќе се одржи на 1 јули. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

18 млади репрезентативци одат на светско првенство со самофинансирање – за што служи Министерството за спорт, прашува Левица

Светската џудо елита викендов ќе се натпреварува во „Јане Сандански“

Интер Мајами го освои Купот Кампеонес, Меси го постигна својот 100. гол за клубот од МЛС