Утрински Весник
Македонија

За една недела отстранети 157 непрописно паркирани возила од јавните површини

Санкционирани 386 непрописно паркирани возила во општина Центар
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 26 јуни 2020 (МИА) – Во текот на изминатата недела  со специјалните возила-пајак се подигнати 157 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила 20 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 137 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице, соопштија од Град Скопје.

Од Град Скопје наведоа дека контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 192 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 20 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

– Апелираме до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка, посочија од Град Скопје.см/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ испрале два милиони евра преку наместен тендер во АД ЕСМ

Се бара притвор за странскиот државјанин кој нападна полицаец во Градски парк

Денеска треба да се избере ВД Јавен обвинител