Утрински Весник
Македонија

На граничниот премин Делчево мирно на првиот ден од отворањето на границите

На граничниот премин Делчево мирно на првиот ден од отворањето на границите
Dik 300x250 mk

Делчево, 26 јуни 2020 (МИА) – Првиот ден од отворањето на границите, на граничниот премин Делчево, минува без поголема сообраќајна фреквенција. Од утрово, како што информираат надлежните, непречено функционира товарниот сообраќај, додека патничкиот сообраќај е релативно слаб.
-На нашиот граничен премин е релативно мирно. Непречено функционира товарниот сообраќај, додека движење и поминување на границата со патнички автомобили речиси и да нема, велат од Граничниот премин Делчево.
Оттаму додаваат дека најчесто границата се поминува транзит и од страна на студенти кои учат на факултетите во Бугарија.
-Има случаи на поминување на границата на возила кои одат до аеродром и притоа мора за 24 часа да транзитираат низ Бугарија, како и од страна на студенти, но генерално состојбата е мирна, додаваат надлежните.
Бугарските државјани се едни од најчестите посетители на погранично Делчево, но поради пандемијата со коронавирус во изминатите четири месеци нивниот број како туристи е сведен на минимум. вс/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Следуваат продор на нов ладен воздух од северозапад и нови врнежи од дожд

Хаким Рамадани си прави митинг во Челопек за време на изборен молк (ВИДЕО)

ДИК: Гласањето на болните и немоќните лица помина без неправилности, резултатите ќе се објават утре