Утрински Весник
Политички Партии

Спасовски: Обезбедивме сигурност за граѓаните и државата и зборуваме за нови иницијативи

Спасовски: Обезбедивме сигурност за граѓаните и државата и зборуваме за нови иницијативи

 

Скопје, 25 јуни 2020 (МИА) – Техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој е носител на кандидатстката листа на коалицијата Можеме во ИЕ 2 денеска го посети Бутел и притоа нагласи дека Владата предводена од неговата партија СДСМ во изминатите три години направи пресврт и од режимски систем, државата сега напредува.
-Треба да продолжиме со нови иницијативи по тој пат, во заштитата на јавното здравје и за брза трасформација и развој на економијата, рече Спасовски.
Членството во НАТО е реализирано како една од стратешките цели на државата, втората стратешка цел – одлука за почеток на преговорите со ЕУ е отпочната.
-Ја покренавме економијата, додека решававме стратешки прашања за државата. Го осигуравме македонски јазик, идентитетот, државата ја осигуравме на светската карта на држави. Ги заштитивме граѓаните и државата во здравствено-економската светска криза од најцрните сценарија – се грижиме за јавното здравје и не дозволивме никој да е оставен без егзистенција. Нашиот концепт е сигурност, рече Спасовски во Бутел.
За опозициската ВМРО-ДПМНЕ рече дека нивниот концепт се лажни вести и конструкции.
Што има на другата страна?! Грабеж на парите на граѓаните, криминал, мрачни времиња, меѓународна изолација, режим. Што ќе речат од ВМРО-ДПМНЕ – ќе го вратиме режимот?! Затоа лажат, вели Спасовски во Бутел. ев/бк/

Посета на Општина Бутел на носителите ИЕ 2 Оливер Спасовски и Сања Лукаревска

Posted by MИА.mk on Четврток, 25 јуни 2020

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт