Утрински Весник
Македонија

Патот Тетово-Јажинце оспособен за сообраќај

Патот Тетово-Јажинце оспособен за сообраќај
Dik 300x250 mk

Тетово, 24 јуни 2020 (МИА) – После 18 часот и 30 минути прооден е за сообраќај регионалниот патен правец Тетово-Јажинце, кој ноќеска беше затрупан од наноси од земја и камења поради излевање на река Габровница кај Доброште, соопшти СВР Тетово.

Од тетовската полиција велат дека се обезбедени услови за одвивање на сообраќај и наизменично пропуштање на возила само во една насока. Воедно продолжува со работа механизација на надлежните институции за целисно расчистување на наносите од коловозната лента.

Екипи на Македонија пат и на Центарот за управување со кризи работат на патот и на коритото на реката. Сообраќајот на патот беше во прекин од ноќеска околу 1 часот поради поплавата.

Полициски службеници од станицата за безбедност во патниот соообраќај во Тетово и понатаму се на теренот за регулирање на сообраќајот. ас/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНАМ со порака до ВРЕДИ: Чесно ве поддржавме, а вие не изигравте

Владата го достави предлог буџетот за 2026 година тежок 6,75 милијарди евра

Сиљановска-Давкова: Изборите беа сосема во ред, да се размисли за ограничување на градоначалничкиот мандат