Утрински Весник
Македонија

Благодарници за учениците – спортисти и нивните ментори во Општина Карпош

Благодарници за учениците – спортисти и нивните ментори во Општина Карпош

Скопје, 24 јуни 2020 (МИА) – Во холот на ООУ „ Лазо Трповски“, денеска им беа доделени благодарници на наставниците по физичко воспитание од сите основни училишта кои се наоѓаат на територијата на Општина Карпош, како ментори на основците во спортските училишни лиги.

Претседателот на Советот на Општина Карпош Андреј Манолев им се заблагодарил на наставниците, нагласувајќи дека како прв човек на Советот, постојано се заложува за подобрување на условите за спорт во оваа општина, бидејќи учениците во Карпош имаат едни од најдобрите спортски резултати на републичко ниво.

– Како локална самоуправа, која спортот го издигнува на пиедесталот, ние размислуваме и за иновативни решенија со кои ќе направиме инклузија и на основците со посебни потреби да се вклучат во спортските активности. Тоа, впрочем е и заложба на Општина Карпош, да биде инклузивна заедница за сите, потенцираше Манолев.

– Поради новонастанатата ситуација околу коронавирусот, завршницата на турнирите во училишните спортски лиги (кошарка, фудбал, ракомет и одбојка), беше прекината, па така, Општина Карпош одлучи благодарници да добијат сите основци – учесници во овогодинешните спортски лиги, информираат од општинската прес-службата.

Зоран Бочваровски („Аврам Писевски“), Татјана Трпезановска („Братство“), Амди Муса („Владо Тасевски“), Оливера Данева од „Вера Циривири Трена“, како и Зоран Петровски од „Војдан Чернодрински“ се менторите-наставници на учениците.

Исто така, благодарници добија и Благоја Ставревски од „Лазо Трповски“, Зоран Сивевски од „Димо Хаџи Димов“, Александар Аргоровски („Петар Поп Арсов“), како и Сузана Здравковска од „ Христијан Тодоровски – Карпош “ и Марјан Угриновски од „Јан Амос- Коменски“.фф/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гевгеличанец осомничен за обљуба и напад врз малолетничка

Автобус се запали во Бутел

Сметките за парно во Скопје од 1 август ќе бидат пониски за 3,16 отсто