Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Земени мостри од местото каде се испуштаат хемикалиите во реката Брегалница

Земени мостри од местото каде се испуштаат хемикалиите во реката Брегалница
300x250 opst2

Штип, 23 јуни 2020 (МИА) – Екипата на крим техника од Полициската станица-Штип и членовите на Здружението на спортски риболвци „Брегалница“- Штип попладнево земаа мостри од водата на реката Брегалница, која неколку часови е обоена во бела вода.

МИА беше на лице место кога се земаа мострите од каналот за отпадни води, кој излегува од стопанските објекти во кругот на поранешниот Текстилен комбинат „Македонка“.

Спортски риболовци од здружението „Брегалница“ мострите од водата ќе ги испратат во Скопје, за да се открие какви хемекалии попладнево се испуштени од овој канал, а водата на река Брегалница е обено од населбата Македонка.

Бараат на терен да излезат и инспекторите од Државниот инспекторат за животна средина, за да откријат, кој стопански субјект ја направи оваа хаварија.

Забележуваат дека ова не е првпат реката Брегалница во штипскиот регион да ја смени бојата. Точно пред две години водата се обои во црна, сина и црвена боја. Инспекторскиот увид тогаш не откри виновници, туку беше откриен пропуст кај неколку компании во кругот на поранешна Македонка, а кои се занимаваат со боење ткаенини.

Штипкјани на социјалните мрежи споделуваат видеа и слики и ги повикуваат надлежните институции, конечно да го најдат виновникот на овие хаварии. Засега не е забележан помор на рибата.вдј/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Теохаров: Доколку не беше задолжително осигурувањето на автомобилите, ќе бевме сведоци на хаотична ситуација

Филипче од Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ убедливо најмногу штета направи на земјоделството и земјоделците

Филипче до Димитриевски: Со подизведувачи на ДПМНЕ и предавници на социјадемократската идеја не дебатирам