Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Кампањата ќе биде без митинзи и без активности од „врата до врата“

Спасовски: Кампањата ќе биде без митинзи и без активности од „врата до врата“

Скопје, 23 јуни 2020 (МИА) – За нас, здравјето и благосостојбата на граѓаните се врвни приоритети од кои не отстапуваме, пишува на својот фесјбук профил, техничкиот премиеро Оливер Спасовски. Поради оваа причина, тој вели дека сите партиски активности ги прилагодуваат на новите околности со цел да го заштитат јавното здравје.

– Кампањата ќе биде без митинзи и без активности од „врата до врата“. На овој начин го штитиме здравјето на граѓaните, а нашата изборна понуда ќе им ја доближиме преку онлајн и дигиталните алатки и начини на комуникација, пишува Спасовски.

Воедно тој истакнува дека спротивно на законот и спротивно на мерките и забраните, ВМРО-ДПМНЕ започнаа предвремена кампања со јавни собири на кои не се држи дистанца и не се носат заштитни маски.

– Јавноста беше сведок и како Мицкоски посетуваше теретани, се групираше на јавни места, како седел во дел од ресторан кој не смеел да работи. Истовремено, техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев не само што не реагираше туку со изјавата дека нема да казнува поттикна масовно прекршување на мерките и забраните, вели Спасовски.

Според него ова е јасна разлика помеѓу вистинска грижа за здравјето на граѓаните од страна на СДСМ и свесно загрозување на јавното здравје од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. оџ/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!