Утрински Весник
Македонија

Министерот Филипче имаше средба со Фабио Скано, советник на СЗО Европа

Министерот Филипче имаше средба со Фабио Скано, советник на СЗО Европа

Скопје, 23 јуни 2020 (МИА) – На покана на Министерството за здравство, во посета на нашата земја е д-р Фабио Скано, советник на регионалниот директор на Светската здравствена организација Европа, Ханс Клуге.
Советникот во СЗО Европа, Скано, имаше средба со министерот за здравство Венко Филипче, со претставници од Комисијата за заразни болести, Центарот за јавно здравје, Институтот за јавно здравје, лабораториите за Ковид-19 и од други здравствени установи кои се вклучени во справувањето со епидемијата.
-На средбата беа споделени досегашните искуства, но и препораки за понатамошно справување со коронавирусот, а беше дискутирано и како да се подобри разбирањето за развојот на Ковид-19 и влијанието на тековните мерки за заштита од ширење на вирусот.
Мисијата се одвива во рамките на соработката воспоставена меѓу Канцеларијата на СЗО во Северна Македонија и Владата во борбата против пандемијата Ковид-19, соопшти Министерството за здравство. хс/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопјанка се обидела да избега од Црна Гора откако усмртила куче, уапсена на граница

Претседателот на опозициската турска партија му честиташе на Зејнула за министерската функција

Мистериозна бела пена во Вардар – се испитува дали станува збор за опасна материја