Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Ристевски: Има разлика меѓу објавеното видео за Мицкоски и обезбедените материјали од СВР Скопје

Ристевски: Има разлика меѓу објавеното видео за Мицкоски и обезбедените материјали од СВР Скопје
Img 7972

Скопје, 23 јуни 2020 (МИА) – Началникот на Секторот за внатрешни работи од Скопје, Ристо Ставревски на денешната прес конференција информираше дека од страна на Министерството за внатрешни работи целосно е затворена истрагата поврзана со обвинувањата за кршење на мерките поврзани со Ковид19 од страна на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Од сите преземени мерки, тој истакна дека постои разлика помеѓу информациите објавени во јавноста и информациите прибавени врз основа на вештачењето. Клучниот доказ како што изјави началникот Ставревски, потврдува дека наодите се различни од перцепцијата која е создадена во јавноста.

– Комплетниот материјал е доставен до Основното јавно обвинителство кое треба да даде повеќе информации за доказниот материјал. Со оглед на фактот дека случајот со  фитнес центарот „Синерџи”, доби голем публицитет во јавноста МВР во соработка со надлежното обвинителство ги обезбеди сите материјали за негово расчистување. Обезбедени се сите изјави на инволвираните, хард дисковите, изработивме фото албуми, извршивме анализа и употребивме компаративен медот за споредбеност од тоа што беше објавено и од тоа што од  наша страна беше обезбедено како такво, и останати материјали со цел да ги расветлиме сите дилеми  што во јавноста се наметнаа околу овој случај. Од сите преземени мерки во соработка со надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, може само да изнесеме дека постои разлика од тоа што беше презентирано во јавноста и тоа што беше обезбедено во предистражната постапка, рече началникот Ристевски.

Истовремено тој додаде дека е обезбеден и еден дополнител клучен доказ кој исто така потврдува дека е различна перцепцијата која се создаде во јавноста, но заради тајноста на доказот истиот не може да се објави. оџ/скс/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Екс директорот на АЕК, Орданоски, ќе биде координатор за дигитализација во Мепсо

Поднесена кривична пријава против осум физички и едно правно лице за злоупотреби во РЕК Битола со кои е стекната противправна имотна корист во висина од 106.200.000 денари

Нова истрага за злоупотреби во РЕК Битола