Утрински Весник
Македонија

Подрачјето на Долна Река утре осум часа без струја

Подрачјето на Долна Река утре осум часа без струја

Дебар, 23 јуни 2020 (МИА) – Во периодот од 9:00 до 17:00 часот утре без електрична енергија ќе биде подрачјето на Долна Река, општина Маврово и Ростуше, информираат од Општината.

-Поради технички зафати на трафостаницата кај селото Јанче, кои ќе ги изведува екипа на ЕВН-Македонија, утре (24 јуни) во целиот долнорекански регион ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија во периодот од 09:00 до 17:00 часот, стои во известувањето.

Зафатот е во насока да се обезбеди поквалитетно и непречено снабдување со електрична енергија на ова подрачје, каде чести се прекините во снабдувањето.

Подрајето на Долна Река припаѓа кон дебарското конзумно подрачје,заедно со општините Дебар и Центар Жупа,кое во целина опфаќа над дванаесет илјади потрошувачи.вт/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Словачка, Ивета Хрицова

МЗ: Пациентот што почина на Онкологија е донесен во многу тешка состојба

(Видео) Сопруга на загинатиот полицаец во Кочани: Со поткуп, свекорот ја продаде смртта на мојот сопруг, оставка од Тошковски