Утрински Весник
Спорт

Гвардиола му се закани на Ливерпул: Следната година повторно ќе ја освоиме титулата

Гвардиола: Нереално е да се размислува за титулата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Манчестер, 22 јуни 2020 (МИА) – Менаџерот на актуелниот англиски шампион Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека веќе знае како ќе го зајакне составот на трансфер пазарот и тимот ќе биде подготвен да се соочи со Ливерпул во борбата за титулата следната сезона.

На тимот од Мерсисајд им треба уште пет бода на преостанатите осум натпревари во Премиер лигата, за да го обезбедат трофејот за прв пат во три децении, со што ќе ги детронираат шампионите од претходните две сезони, Манчестер Сити.

– Ливерпул ќе остане многу силен тим, но одбраната на титулата е нешто многу тешко. Значајно е што ние бевме единствените што успеавме да го сториме тоа за десет години. Од последните девет домашни трофеи, освоивме осум, што не е толку лошо. Мислам дека ќе го сториме тоа следната сезона. Мислам дека не направивме многу во оваа кампања во однос на зосвоените бодови и на теренот. Имаме идеи за трансфер пазарот, следната сезона ќе бидеме подготвени повторно да се бориме за титулата, категоричен е Шпанецот.

Манчестер Сити вечер го пречекува Барнли и во случај на пораз, Ливерпул може да стане шампион во среда со успех над Кристал Палас.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028