Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Дербито на Мерсисајд стана најгледаниот натпревар во историјата на Премиер лигата

Дербито на Мерсисајд стана најгледаниот натпревар во историјата на Премиер лигата
300x250 opst2

Ливерпул, 22 јуни 2020 (МИА) – Дербито меѓу Евертон и Ливерпул, кое понуди неколку интересни ситуации и заврши без голови, е официјално најгледаниот натпревар во историјата на Премиер лигата.

Пет и пол милиони луѓе во Велика Британија го проследија натпреварот на „Гудисон Парк“ во живо. Ова се официјалните бројки од „Скај спорт“ – телевизијата што го емитуваше вчерашниот натпревар.

Претходниот најгледан натпревар во Велика Британија, што го пренесуваше истиот канал, беше победата на Манчестер Сити со 1:0 против Манчестер Јунајтед во 2012 година.

Британската влада му препорача на „Скај“ да направи некои натпревари бесплатни за гледање, поради неможноста на гледачите да бидат на стадионите, во баровите или да го гледаат заедно.

Така, телевизијата натпреварот го емитуваше бесплатно на каналот „Пик“, каде натпреварот го следеа 1,9 милиони луѓе.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН