Утрински Весник
Македонија

Потпишан договор за донација со Чешката Република за припадниците на Армијата

Потпишан договор за донација со Чешката Република за припадниците на Армијата

Скопје, 22 јуни 2020 (МИА) –  Донација од 190 илјади евра од Чешката Република ќе се искористи за развивање на капацитетите на единицата за атомско, биолошко, хемиска одбрана (АБХО) на нашата Армија.

Заменик министерот за одбрана, Беким Максути, денеска во  Министерството за одбрана, го потпиша Договорот за донација од МО на Чешката Република претходно потпишан од страна на чешкиот заменик министер за одбранбена политика и стратегија, Радомир Јахода.

-Заменик министерот Максути изрази голема благодарност за огромната поддршка од страна на Чешката Република, истакна дека соработка која двете земји ја имаат изминативе години е на високо ниво и дека очекува таа да се продлабочи во наредниот период. Тој во оваа прилика кажа дека Армијата одигра клучна улога во реализацијата на мерките на Владата при справувањето на пандемијата и уште еднаш се заблагодари за оваа донација во вкупна вредност од околу 190.000 евра, која е наменета токму за нашите припадници, соопшти Министерството за одбрана.

На потпишувањето на Договорот, присуствуваше амбасадорот на Чешката Република во нашата земја, Мирослав Томан. лв/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Фото) Хаос на патарини и гранични премини

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска оствари работна средба со новиот генерален директор на АД МЕПСО, Бурим Љатифи. 

Хаос во дискотека во Охрид – масовни тепачки меѓу малолетници имало и повредени