Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Димитров: Убеден сум дека овој изборен процес уште еднаш ќе ја потврди македонската демократија

Димитров: Убеден сум дека овој изборен процес уште еднаш ќе ја потврди македонската демократија
Img 7972

Скопје, 22 јуни 2020 (МИА)Цврсто сум убеден дека и овој изборен процес уште еднаш ќе ја потврди македонската демократија, каква се очекува од земја членка на НАТО и од земја која забрзано се движи кон ЕУ, истакнал министерот за надворешни работи Никола Димитров на средбата со шефицата на Специјалната изборна оценска мисија на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на предвремените парламентарни избори што треба да се одржат на 15 јули.

Од Министерството за надворешни работи информираат дека Димитров на средбата со Лаима Лиусија Андрикиене изразил благодарност до ОДИХР за брзото распоредување на набљудувачката мисија, при што ја истакнал подготвеноста на институциите за обезбедување на неопходните услови за успешно набљудување на изборите од страна на мисијата.

Димитров го нагласил значењето на набљудувањето на ОБСЕ/ОДИХР за довербата, кредибилитетот и транспарентноста на изборниот процес.  

Шефицата на набљудувачката мисија информирала за досегашните активности, при што истакнала дека набљудувањето на изборите, со оглед на здравствената криза, ќе биде спроведено со помала мисија која има целосен мандат да ги набљудува сите аспекти на изборниот процес.

Ве уверувам дека и со ваквиот формат на Мисијата, наметнат од пандемијата, нашата работа ќе ја завршиме квалитетно и ефикасно во функција на успешна мисија за кредибилно набљудување на изборниот процес, истакнала Андрикиене, изразувајќи надеж дека овие избори ќе бидат демократски и фер по европски изборни стандарди. бак/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче пред една година славеше со Заев за францускиот предлог сега предлага „црвени линии“ за власт и спас на фотелјата во СДС 

Претрес во Кичево, пронајдени оружје и муниција, уапсено едно лице

Филипче: Слоганот на ВМРО-ДПМНЕ е ветување за уништување на државата преку партизација