Утрински Весник
Македонија

Дебар очекува нови случаи со КОВИД-19

Дебар очекува нови случаи со КОВИД-19

Дебар, 22 јуни 2020 (МИА) – Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, кој раководи и со Општинскиот оперативен штаб, денеска на прес-конференција оцени дека епидемиолошката состојба со КОВИД-19 се комплицира.

-Вториот бран на опасниот вирус е присутен во нашата општина. Со вчера соопштените резултати имаме 31 новозарзен. Од синоќа еден од болните, поради влошената состојба е префрлен на лекување во болницата „Осми септември“ во Скопје, останатите се лекуваат во домашни услови. Состојбата се комплицира се повеќе. Очекуваме и многу нови случаи на заразени, изјави Дука.

Во Општата болница во Дебар, рече, се адаптирани два простора со триесеттина кревети за третирање на болни од КОВИД-19, брзата помош е подготвена во секој миг за траснпорт на пациенти, а епидемилошката служба е постојано на терен.

-Како Оперативен штаб ги преземаме сите неопходи мерки. Јавното комунално претпријате „Стандард“ веќе заврши со дезнфекција на сите улици во градот, остануваат уште некои потесни улички кои ќе се дезинфицираат рачно. Ова е многу значајна активност која го прекнува синџирот на пренос на вирусот, истакна Дука според кој, сепак, свесноста на граѓаните и правните субјекти за строго почитување на мерките и протоколите е пресудна за спречување на ширењето на коронаврусот.

Според полициската статистика, во самоизолација се 76 лица, врз кои редовно се врши контрола од страна на полициски службеници.

Од почетокот на пандемијата вкупна бројка на заразени изнесува 82 лица, од кои оздравени се 48, починаа четворица, а активни на болеста се 30. вт/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мисајловски положи цвеќе по повод 2ри Август

Партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ, положи свежо цвеќе на гробот на Карев

Филипче: Двата Илиндена не обединуваат околу заедничката борба за просперитетна Македонија