Утрински Весник
Македонија

Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок со скопските градоначалници

Лекар специјалист од Кавадарци е новиот позитивен случај на Ковид-19

Скопје, 22 јуни 2020 (МИА) – Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок со скопските градоначалници, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Се очекува, на состанокот да се дискутира за можноста локалните самоуправи да се вклучат во справувањето со коронавирусот.

– Мора на секое ниво да се јакне свеста за превенција од коронавирусот, објави на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

Повеќе од 40 големи кластери со коронавирус се регистрирани на територија на целата држава, а според надлежните, тоа е резултат на непочитување на мерките за лична заштита, дистанца и избегнување групирања и собири.

Според вчерашните податоци на Институтот за јавно здравје, во државава се потврдени 101 нов случај со Ковид-19, вкупно дијагностицирани се 5.106. Најмногу заразени се дијагностицирани во Скопје – 2.498, од кои најголем број 384 во oпштината Чаир. Бројот на активни случаи во градот изнесува 1.699. рп/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава за ден на независност може да биде на легален и чесен начин организирано 

Тошковски за МРТ: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби во споредба со минатата година

СДСМ: Пак манипуација од Мицкоски – проневера од 5,5 милиони евра мора Обвинителство да постапи, а не ДКСК само за едно лице