Дебар, 21 јуни 2020 (МИА) – Локалниот лидер на огранокот на Партијата за европска иднина (ПЕИ), Абдија Мерсоски, премина во редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ), соопшти Артин Спахиу, претседател на огранокот на ДУИ и шеф на Избор штеб на партијата за Дебар на денешната прва седница на штабот на која присиствуваше и Мерсоски.
-Покрај кадрите на огранокот денес, на успешните политики, инклузивната филозофија се придружи и претседателот на огранокот на Партијата за европска иднина, Абдија Мерсоски, кој како општински советник, од денес влегува во огранокот на ДУИ и во советничката група на нашата партија, рече Спахиу.
Мерососки е член Советот на општина Дебар, избран на последните локални избори од кандидатската листа на СДСМ-ПЕИ.Со ова ДУИ во Совет на општината кој брои 15 членови сега има шест советнички места. По две места имаат СДСМ, ВМРО ДПМНЕ и Алтернатива и три Алијансата за Албанците.
Спахиу на средбата,која беше одржана на отворени,поради одржувањето на физичка дистанца,а на која присуствуваше и градоначалникот Хекуран Дука и кандидатката за пратеник Арбана Пашоли, меѓу другото порача дека „го очекуваме овој ден, бидејќи од денес почнавме да ги бориме деновиве наназад, се до големата победа за премиер Албанец“.вт/лв/