Утрински Весник
Македонија

По 30 години целосно обновена Итната медицинска помош во Здравствен дом Македонски Брод

По 30 години целосно обновена Итната медицинска помош во Здравствен дом Македонски Брод

Скопје, 21 јуни 2020 (МИА) – Здравствениот дом во Македонски Брод во изминатите две години реализираше бројни инвестиции за унапредување на условите за работа и третман на пациентите. После триесетина години е извршена комплетна реконструкција на просториите на Итната медицинска помош, поставени се нови внатрешни ѕидови, врати, извршено е молерисување и поставена нова медицинска и немедицинска опрема. Комплетно е реновиран и влезот на оваа установа со ново осветлување на првиот кат во Здравствениот дом.

Како што соопшти Министерството за здравство, иинвестиција е во вредност од 10 илјади евра, а средствата се обезбедени од оваа јавна здравствена установа.

Согласно планот за јавни набавки, до крајот на годинава се планира и реновирање на биохемиската лабораторија и санитарните јазли, во вкупна вредност од 15 илјади евра. Обезбедени се и средства за комплетно реновирање на амбулантите во општина Пласница.

– Исто така, реализирани се активности за зајакнување на кадарот. За две и пол години се реализирани 20 нови вработувања, од кои дел на неопределено работно време, а дел со договор на дело, меѓу кои се: доктори по општа медицина, доктор по стоматологија, поголем број медицински сестри ангажирани во патронажната служба, како и рендген техничар, биохемиски аналитичар, информатичар, хигиеничар и возач за потребите на Итната медицинска помош, соопшти Министерството.

Во текот на минатата и оваа година од Здравствениот дом Македонски Брод првпат по 20 години се испратени пет доктори на специјализација од областа на интерна медицина, гинекологија, радиологија, офталмологија, детска и превентивна стоматологија. Во текот на оваа година се планира на специјализација да заминат уште тројца доктори од областа на педијатрија, биохемија и ургентна медицина. хс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сушниот и топол период продолжува во Македонија, постои опасност од појава на нови шумски пожари

Со полициски хеликоптер пренесен македонски државјанин кој беше на лекување во Виена 

Мицкоски, Мисајловски и Агелер во посета на касарната „Јане Сандански“ – Штип