Утрински Весник
Македонија

Здравствениот дом во Берово доби соба за тријажа за Ковид-19

Здравствениот дом во Берово доби соба за тријажа за Ковид-19

Берово, 20 јуни 2020 (МИА) – Беровскиот здравствен дом доби соба за тријажа за третирање на пациенти со симптоми на Ковид-19. Како што информираат надлежните, со цел создавање подобри услови за пациентите, исто така инвестирано е и во инфраструктура и опрема во здравствениот дом во Берово.

-Последната инвестиција е соба за тријажа за третирање на пациенти со симптоми на Ковид-19, со што сакаме да покажеме дека здравјето на граѓаните е приоритет за нас како установа. Кога се во прашање инвестициите во нашиот здравствен дом, да додадеме дека во изминатиот период инвестиравме во замена на надворешната и внатрешната столарија, набавивме индустриска машина за одржување на хигиена, а реновиравме и неколку соби во установата, истакнаа од беровскиот Здравствен дом.

Во насока на пружање подобри здравствени услуги за граѓаните како што додадоа од беровскиот здравствен дом со поддршка на Владата, како што додадоа од здравствениот дом, инвестициите ќе продолжат и во наредниот период.

-Во таа насока да напомниме дека во изминатиот период, зголемен е капитацискиот бод и платите на здравствените работници. Исто така вложивме во медицинска опрема и подобрување на инфраструктурата во јавните здравствени установи, а со поддршка на Министерството за здравство, набавивме и санитетско возило, додадоа надлежните.

Во Берово во моментот има еден позитивен пациент на вирусот Ковид-19 кој, според информациите на надлежните, наскоро се очекува да се вброи во категоријата на оздравени пациенти. вс/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер