Утрински Весник
Македонија

Општина Чашка ја расчистува вегетацијата покрај локалната и регионална патна инфраструктура

Општина Чашка ја расчистува вегетацијата покрај локалната и регионална патна инфраструктура

Велес, 19 јуни 2020 (МИА) – ЈПКД „Тополка“ во Општина Чашка со новото возило за чистење на вегетација што беше набавено мината година, започна со чистење на бујната пролетна вегетација покрај локалната и регионалната патна инфраструктура низ населените места во општина Чашка.

Како што потенцира градоначалникот Горан Стојановски, чистата и безбедна патна инфрастуктура е врвен приоритет на општина Чашка.

– Преку расчистување на вегетацијата покрај сите локални и регионални патни правци ние како Општина се грижиме за безбедноста на возачите кои сообраќаат на патиштата во Општина Чашка,потенцира Стојановски. ад/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Трајко Славески да си поднесе оставка, да не носи нови штетни одлуки

Тошковски: Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи

„Сестра, брат и шахта“ на Манчевски победи на Филмскиот фестивал во Токио