Утрински Весник
Македонија

Предлог-казни против четири лица за прекршување на полицискиот час во Дебар

Двајца дебрани не ја почитувале одлуката за забрана за движење

Дебар, 19 јуни 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Дебар поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица кои го прекршиле полицискиот час во Дебар.

– Обвинетитe, непочитувајќи ја Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, за време на полицискиот час се движеле низ Дебар, стои во соопштението од ОЈО.

За сите обвинети, обвинителството со доставените предлози побара од Судот да им изрече парични казни во висина од по 10 до 100 дневни глоби.

Лицата се товарат дека го сториле кривичното дело – „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик. аа/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трендафилов: Без работници нема држава, а нема ниту власт

Муцунски: Вистинската сила на дипломатијата не се мери само со постигнатите договори, туку и со спасените човечки животи

Петрушевски: СДС е еднакво на ССМ, денешниот протест е измама, а не борба за работнички права