Утрински Весник
Спорт

Во Борусија се подготвуваат да ја повторат шемата со Санчо

Во Борусија се подготвуваат да ја повторат шемата со Санчо

Дортмунд, 19 јуни 2020 (МИА) – Младиот играч од средниот ред на Бирмингем, Џуд Белингем, наскоро ќе се пресели во Борусија (Дортмунд), тврди „Билд“. 16-годишниот талент веќе ја прифатил понудата на „жолто-црните“, но тие сè уште не се договориле со раководството на клубот од Чемпионшип за износот на трансферот.

Белингем дебитираше за Бирмингем во август 2019 година на возраст од 16 години и 38 дена, со што стана најмладиот играч што играше во официјален натпревар за „сините“. Англискиот интернационалец го привлече интересот на Манчестер Јунајтед, но во јануари Бирмингем ја одбил понудата вредна 20 милиони фунти од „црвените ѓаволи“. Баерн (Минхен) исто така се обиде да го привлече техничкиот играч од средниот ред, но тој претпочита да ја продолжи кариерата во Борусија (Д).

Во текот на сезоната, Белингем одигра 35 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 4 гола и направи 3 асистенции. Тој може да дејствува не само на средина на теренот, туку и на лево крило.

Со евентуално привлекување на Белингем, Борусија се надева дека ќе „погоди во центар“, како што се случи со Џејден Санчо. Англискиот репрезентативец пристигна на „Сигнал Идуна Парк“ со само 17 години од академијата на Манчестер Сити, но брзо го откри неговиот огромен потенцијал и во моментов е меѓу најскапите играчи на светот.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Одби да се бори против Израелец – алжирски џудист дисквалификуван од ОИ

Надал за мечот со Ѓоковиќ на Олимпијадата: Веројатно тој е јасен фаворит

Најдобриот во светот загуби, па направи хаос