Утрински Весник
Спорт

Јунајтед го моли Интер да го задржи Алексис Санчез

Санчез го финализираше трансферот во Интер

Милано, 19 јуни 2020 (МИА) – Раководството на Манчестер Јунајтед се обидува да го убеди Интер да го задржи Алексис Санчез следната сезона, пренесува Скај Италија. „Црвените ѓаволи“ се надеваат дека италијанскиот гигант ќе го продолжи закупот на Санчез за уште една година на Апенините.

Интер би го задржал чилеанскиот напаѓач уште една сезона, но е далеку од тоа да го задржи трајно. Санчез се пресели во „Олд Трафорд“ на почетокот на 2018 година, но никогаш не успеа да ги покаже квалитетите што ги покажа во дресот на Арсенал.

Во летото 2019 година, Антонио Конте го донесе Санчез во Интер, каде Чилеанецот не покажа многу подобрување во својата форма, постигнувајќи само еден гол на 16 натпревари со „сино-црниот“ дрес.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

УЕФА ги повика членките на итен состанок, меѓу темите и можен бојкот на Светското првенство

Новото име на салата во СЦ „Борис Трајковски“ е „Т Арена“

Клубот на Роналдо е во длабока криза, должи 200 милиони долари