Утрински Весник
Македонија

Притвор од 30 дена за три лица од Гостивар за обид за убиство

Три лица во Прилеп осомничени за насилство

Гостивар, 18 јуни 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – „убиство во обид“.

Тројцата обвинети заедно со еден малолетник, на 14 јуни, пред пицерија во Гостивар, се обиделе да убијат едно лице. По банална расправија пред пицеријата, четворицата го нападнале оштетениот и со удари во главата и стомакот му нанеле тешки телесни повреди.

Постапувајќи по предлогот на надлежниот јавен обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар на тројцата полнолетни осомничени им определи мерка притвор во траење од 30 дена.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Културната дипломатија е незаменлив дијалог, и во мир, и во криза

Камион пропадна на улицата „Аџи Мустафа“ во Охрид

Автомобил се преврте на автопатот Скопје–Велес, повредени три девојки