Утрински Весник
Македонија

ЦЈЗ Куманово: Девет новозаболени од Ковид-19 во Липково, пет во Куманово

ЦЈЗ Куманово: Девет новозаболени од Ковид-19 во Липково, пет во Куманово

Куманово, 18 јуни 2020 (МИА) – Центарот за јавно здравје во Куманово последниве 24 часа регистрира 14 новозаболени пациенти од Ковид 19. Пет од новозаболените се од општина Куманово и девет од општина Липково, информираа надлежните од јавната здравствена установа.
Министерството за здравство денеска објави дека два пациенти од Куманово починале, кај пациентка (64) вирусот е потврден постмортем, а во општата болница Куманово починал 85-годишен пациент, хоспитализиран на 10 јуни.  
Во последно време, граѓаните се посовесни во однос на тестирањето, прифаќаат, иако одвреме- навреме има лица кои не ги кажуваат сите контакти. Настојуваме овој проблем да го надминеме во соработка со други други институции, изјави директорот на Центарот за јавно здравје Куманово, Ариф Љатифи.
Денеска се извршени 65 тестови од нив, 17 по мој термин, 46 се контролни и два согласно епидемиолошки индикации.
Според податоците на Министерството за здравство на подрачјето на Центарот за јавно здравје Куманово вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 668, а активни случаи се 219.ам/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Во Македонија повеќе не може да се дозволи да продолжат да функционираат носители на јавни функции како судијата Ристов

Кривичен суд изрече куќен притвор за Ѓоко Ристов

Тошковски: Драстично е намален бројот на жртви во сообраќајки откако почна пробниот период на „Безбеден град” во Скопје