Утрински Весник
Македонија

Се отстранува летната бавча кај кумановскиот Центар за култура

Се отстранува летната бавча кај кумановскиот Центар за култура

Куманово, 18 јуни 2020 (МИА) – Почна отстранувањето на монтажната тераса на поранешен угостителски објект што функционираше во просторот на кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“. Дописот е испратен од општина Куманово, а договорот за користење е раскинат меѓу Министерството за култура и закупецот.
– Во врска со расчистувањето на просторот во Центарот за култура можеме да информираме дека договорот е раскинат од страна на Министерството за култура 2018 година и даден е рок за отстранување на доградениот објект, а Општина Куманово има испратено допис да се почне со отстранување на оградениот простор. Очекуваме дека просторот ќе биде вратен во првобитна состојба за да можеме понатаму да го користиме ние како културна институција за нашите потреби, изјави директорот на Центарот за култура, Сашо Тодоровски.
Просторот бил даден под закуп во 2013 година.ам/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Николоски: Во Вашингтон ги потврдивме добрите политички и економски врски меѓу Македонија и САД

Министерот Хоџа најави јавна расправа за новиот Закон за заштита на природата

Левица: Мицкоски ги остави граѓаните сами да се снајдат за преживување