Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 18 јуни 2020 (МИА) – На 18.06.2020 во 09,00 часот полициски службеници од СВР Скопје од ул.„Гостиварска“ на подрачјето на Ѓорче Петров ја лишиле од слобода Б.П.(65) од Скопје бидејќи се барала по потерница за издржување на казна затвор во траење од 17 години за сторени кривични дела „измами“ и „даночно затајување“.

МВР соопштидека таа била спроведена во Казнено поправната установа Затвор Идризово на издржување на казната затвор.

На 18.06.2020 во 04,55 часот во Полициска станица Центар, Н.Н.(68) и С.Н.(63), двете од Скопје, пријавиле дека три непознати лица насилно влегле во куќа нивна сопственост на ул.„Партение Зографски“, физички ги нападнале и со закана од нож им извршиле разбојништво при што им одзеле паричник со документи и пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17.06.2020 во 14,10 часот во СВР Скопје, А.М.(27) од Скопје пријавил дека околу 13,30 часот во близина на сендвичара на ул„376“ непознато лице физички го нападнал и му одзел мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.06.2020 околу 03,25 часот во СВР Скопје било пријавено дека непознато лице фрлило запалива течност врз куќа на ул.„Борка Талевски“ во Скопје сопственост на П.П.(70) од Скопје, и настанал пожар на предниот ѕид од пиљара која се наоѓа во склоп на куќата сопственост на Н.К.(43) од Скопје. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

На 17.06.2020 во 22,10 часот на ул.„Партизанска“ полициски службеници од Полициска станица Свети Николе го лишиле од слобода М.Ѓ.(51) од Свети Николе, кој бил во алохолизирана состојба, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“. Тој, според пријавеното, во помошна просторија од куќа на ул.„Партизанска“ во негова сопственост запалил оган при што опожарена била кровната конструкција. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Свети Николе. Извршен бил увид на местото на настанот од Полициска станица Свети Николе.

На 18.06.2020 околу 01,00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Зендел Џемаил“ во барака, сопственост на М.А.(49) од Скопје настанал пожар при што бараката била целосно опожарена. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

На 17.06.2020 во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека околу 16.20 часот во фабрика во Пробиштип Г.Д. и В.К. при работа се здобиле со повреди и биле пренесени во Здравствениот дом Пробиштип, а по укажаната помош биле препратени во Клиничката болница Штип. Увид на местото извршила увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Пробиштип.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Ј.(31) од с.Лешани-Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “разбојништво“. На 22.05.2020 на ул.„Партизанска“ додека оштетениот И.Н. (20) од Охрид, се движел со патничко возило, пријавениот го следел и при тоа со рака му покажал да застане. Откако оштетениот застанал, пријавениот излегол од своето возило и преку отворениот прозорец на возилото му се заканувал со нож во рака, и со употреба на физичка сила му ги одзел наочарите и парите кои ги имал со себе, со што се стекнал со противправна имотна корист од 15.000 денари. Неколку часа по кривично правниот настан пријавениот му се јавил на оштетениот упатувајќи закани по неговиот живот доколку настанот го пријави во полициска станица.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.И.(28) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка кражба“. На 29.04.2020 на ул.„Полог’’ во Тетово, во локал сопственост на оштетениот П.Б.(34) од Тетово, забележал дека имало велосипед, по што со подесен предмет ја отворил влезната изложна врата од локалот и одзел велосипед, по што го напуштил местото на настанот. Причинета била материјална штета во износ од околу 120.000 денари. По преземени мерки од полициски службеници пронајден бил велосипедот и вратен на оштетениот.

Надворешната Канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против К.Г.(26) од Зрновци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 19.05.2019 во близина на кафе бар во Зрновци, пријавениот продал марихуана.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Т.(48) од Куманово, поради постоење основи на сомнение сторено кривично дело “фалсификување исправа“. Пријавениот, со намера да се стекне со противправна имотна корист во 2015, откако купил моторно возило „фиат пунто“ со швајцарски национални ознаки, изготвил „купопродажен договор“ со невистинита содржина односно лажно ставил печат од правното лице регистрирано во Швајцарија и лажен датум на извршената купопродажба, од причина што моторното возило не ги исполнувало ЕКО 4 стандардите за регистрација во Р. Северна Македонија, па со таквиот „купопродажен договор“ го однел возилото на царинскиот терминал на Царинска испостава Скопје 1. По ова договорот го употребил како вистински во правниот сообраќај во неколку наврати, во постапка за царинење каде му била изадена царинска декларација, во постапка за издавање потврда за отварање на постапка за идентификација на истото пред Министерството за економија – Биро за метрологија, во прилог на барање за единечно одобрување на возило доставено до правно лице од Скопје врз основа на кои му била издадена согласност за регистрација. Откако склучил нотарски акт – договор за купорподажба на моторното возило кај нотар од Куманово и со превод од германски на македонски јазик заедно со согласност за регистрација, царинска декларација, сите со невистинита содржина, му ги дал на купувачот М.С. од Старо Нагоричане, кој ги употребил како доказ во прилог на барањето за регистрација и му била издадена сообраќајна дозвола на кумановски регистерски ознаки.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.Ј. (50) од с.Ростуше – Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “загрозување на животната средина и природата со отпадни материи“. Во временскиот период од 20.12.2019 до 17.03.2020 на ул.„250“ во Гостивар, во населбата ,,7 ма зона“, пријавениот на улица ги испуштал фекалиите од одводната цевка од станбена зграда која била во негова сопственост и на тој начин го загрозил здравјето на жителите кои живееле во непосредна близина на неговата зграда.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Т.Г.(36) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавената од 11.06.2020 до 13.06.2020 во повеќе наврати го напуштила домот каде требало да биде под здравствен надзор и домашна изолација за кое и било издадено решение од ДСЗИ, ПЕ Кочани. На 13.06.2020 на ул,,Т.Паунов“ била затекната во возило „пасат“ и при прегледот кај неа била пронајдена бела прашкаста материја и три куршуми-малокалибарска муниција. Таа била под дејство на алкохол и лишена била од слобода по што била однесена во домот на нејзината тетка каде била обезбедувана од полициски службеници од Полициската станица Кочани се до нејзиното сместување во задолжителен државен карантин.

СВР Куманово, СВР Битола, СВР Штип и СВР Скопје поднесоа 15 кривични пријави против: Ш.А.(25) од Куманово, Р.А.(41) од с.Црнилиште–битолско, И.М.(53), М.Б.(26), Ф.Н.(24), од Прилеп, М.К.(32) од с.Десово–прилепско, Ф.Х.(21) од Свети Николе, Р.К.(43) од с.Будинарци-беровско, М.Ц.(41), Д.В.(36) од Делчево, Д.С.(23), В.Т.(65) од Крива Паланка, Д.Н.(23), А.К.(24) од Кратово, Е.С.(18) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење. цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Приведен крадец баран со потерница

ВМРО – ДПМНЕ: Во МЕПСО направена 14 милиони евра штета долгови на фирми трговци со струја, меѓу кои и на синот на Муса Џафери

115 санкционирани возачи во Скопје