Утрински Весник
Спорт

Осум лица заразени со КОВИД-19 од Чемпионшип дивизијата на Англија

Осум лица заразени со КОВИД-19 од Чемпионшип дивизијата на Англија

Брентфорд, 17 јуни 2020 (МИА) – Осум лица од второто ниво на англискиот фудбал – Чемпионшип, дадоа позитивни тестови за КОВИД-19 за време на тестирањето на клубовите минатата недела. Здравствените власти зедоа вкупно 2.213 примероци, од кои осум беа позитивни, поделени во шест тима. Не е прецизирано колку од заразените се фудбалери и колку тренери или други вработени.

Тимот на Брентфорд, кој ќе ја продолжи сезоната во Чемпионшип со натпревар против Фулам во сабота, потврди дека еден од заразените со коронавирус е вработен во клубот, но не и фудбалер. Од сезоната во Чемпионшип остануваат уште 108 натпревари, вклучувајќи ги и плеј-офот за влез во Премиер лигата.

Во исто време, четири лица од два клуба во Лига 1, исто така, се тестираа позитивно за коронавирус. Во третото и четвртото ниво на англискиот фудбал, ќе се играат само плеј-офот за промоција, во кои спаѓаат екипи од трето до шесто место во пласманот.

Секој што се тестирал позитивно, ќе мора да биде ставен во карантин и нема да може да се врати во својата екипа пред да се тестира негативно за вирусот.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство