Утрински Весник
Македонија

Пост мониторинг известувачот на ПССЕ го поздрави договорениот датум за избори

Пост мониторинг известувачот на ПССЕ го поздрави договорениот датум за избори

Стразбур, 17 јуни 2020 (МИА) – Известувачотот на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) за пост мониторинг дијалогот со Северна Македонија Лисе Кристоферсен го поздрави постигнатиот договор за одржување на предвремените парламентарни избори на 15 јули 2020 година.

– Ги поздравуваме политичките партии – од власта и опозицијата, за постигнатиот договор за нов датум што ќе озовможи инклузивни избори, и со тоа демонстрирајќи ја способноста за градење консензус наспроти нивните различни ставови. Ова беше постигнато со заеднички напори на сите страни, вклучително и на Претседателот на државата кој го олеснуваше политичкиот дијалог, оценува Кристоферсен.

Одлуката, според Кристоферсен, ја отсликува подготвеноста на сите политички играчи за продолжување со изборните активности и демократски процеси кои беа прекинати поради пандемијата на КОВИД-19.

– Како и да е, спроведувањето на овие избори ќе биде предизвик во време на пандемија. Се надеваме дека сите страни ќе ги поддржат властите во напорите да обезбедат водењето на кампањата и изборите да бидат во сосгласност со демократските стандарди и санитарни прописи. Целта треба да биде гарантирање на непречена подготовка за фер избори, истовремено заштитувајќи го здравјето на сите гласачи и изборни комисии. За тоа треба да помогне и осумдневната вонредна состојба прогласена од претседателот на државата, заклучува Крисоферсен. аа/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ФЗО ќе го покрие лекувањето на Леонид Индов

Фити: Идејата на ВЛЕН е небулозна, во МАНУ имаме четири членови од албанска националност

Го нашле на Клиника: Приведен криминалец баран со потерница за казна затвор од четири години