Утрински Весник
Македонија

Јавно ќе се објавуваат имињата само на лицата кои не сакаат да ги примат решенијата за изолација

Нови 125 случаи позитивни на КОВИД 19 во изминатите 24 часа

Скопје, 17 јуни 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче денеска нагласи дека јавно ќе се објавуваат имињата на тие кои од „икс“ причини не може да им се поделат решенијата за изолација, а искуствата, како што вели тој, покажуваат дека луѓето многу често прават отпор, не соработуваат со инспекторите или со епидемиолозите или даваат грешни податоци.

– Членот во законот се вика објавување со јавен оглас само на лицата кои од „икс“ причини не им е врачено решението, дале грешни податоци, не може да стигнат инспекторите до нив, прават отпор или не соработуваат. За сите други се делат решенијата така како што е вообичаената постапка и тоа е нешто на што сега интензивно работиме. Се координира работата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, на службата Мој термин, епидемиолошките служби и ќе имаме дефинитивна одлука, односно форма до крајот на оваа недела, посочи Филипче.

Во однос на тоа зошто некои луѓе се тестираат, а некои не по помината 14 дневна самоизолација поради контакт со заболен со Ковид 19, тој појасни дека по 14-дневната изолација, доколку станува збор за контакт кој не е позитивен тогаш тестирање не е потребно.

– Само доколку е пациент кој имал позитивен тест, тогаш треба да се осигураме дека е негативизиран. Значи после 14 дена може слободно, доколку нема симптоми да се врати на секојдневните активности, додаде Филипче. мс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Следната недела разговори за зголемување на минималната плата

УХМР: Од петок студен бран во Македонија – се очекуваат поројни дождови

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија