Утрински Весник
Македонија

Реакција на Министерството за здравство во врска со бројката на позитивни родилки на ГАК

Гинеколошко-акушерскиот оддел од Кумановската болница со посебен режим на работа

Скопје, 17 јуни 2020

Почитувани,

Министерството за здравство укажува дека најверојатно погрешно е протолкувана изјавата на директорката на ГАК, Викторија Јовановска во врска со бројката на позитивни родилки на клиниката за гинекологија.

Реагираме до медиумите соодветно да биде пренесена инофрмацијата дека не станува збор за 20 позитивни во моментов, туку за вкупно 20 од почетокот на епидемијата досега.

Во моментов на ГАК нема ниту една родилка позитивна на ковид-19, има осум родилки чии тестирања се во тек, а се сместени во одделот за изолација.

Со почит,
Одделение за односи со јавноста
Министерство за здравство

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МВР ќе ги информира граѓаните за новите правила при патување во ЕУ за да нема застои на премините

Галетановски: Возилото е изгорено целосно, ниту сум скаран со некој ниту некој ми се заканувал

Потпишан е Меморандум за соработка со Управата за извршување на санкции