Скопје, 17 јуни 2020 (МИА) – Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска на својот фејсбук профил и се заблагодари на Фондацијата Фридрих Еберт за, како што напиша, честа, но и одговорноста, поради добивањето на престижната Награда за човекови права за 2020 година.
-Ова признание пристигнува токму денес, кога одбележуваме две години од потпишувањето на Договорот од Преспа, „за придонес кон мировната политика, заснована врз склучување на Договорот за пријателство со Бугарија во 2017 година и Преспанскиот Договор со Грција во 2018 година. Со тоа конечно, после 27 години, решена е блокадата на Северна Македонија за членство во НАТО и почетокот на преговорите за пристапување во ЕУ“, како што стои во нивното соопштение, напиша Заев.
Продолжуваме, додава лидерот на СДСМ, да се бориме на граѓаните да им овозможиме европска иднина и слободно и отворено општество. сст/лв/