Утрински Весник
Спорт

Родри: Манчестер сити е посилен од Реал, тоа го докажавме на првиот натпревар од осминафиналето на ЛШ

Родри: Манчестер сити е посилен од Реал, тоа го докажавме на првиот натпревар од осминафиналето на ЛШ
Dik 300x250 mk

Манчестер, 17 јуни 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Родри го сподели своето мислење за противникот во 1/8 финалето на Лигата на шампионите, тимот на Реал Мадрид.

– Ништо не е завршено во нашата пресметка со Реал Мадрид, иако победивме во првиот натпревар. Манчестер сити е подобар, го докажавме тоа на првата средба. Треба да направиме уште еден чекор напред. Откако го совлада Реал Мадрид, кој успеа да ја освои Лигата на шампионите три пати по ред, што беше многу силно во Европа во последните години, Манчестер сити ја зголеми својата самодоверба.

Резултатот на првиот дуел одигран во Мадрид беше 2:1 за Сити. Терминот за реваншот, поради пандемијата со коронавирусот, сè уште е непознат. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето