Париз, 17 јуни 2020 (МИА) – Европската фудбалска федерација на 10 јули ќе изврши ждрепка за завршниот турнир во Лигата на шампионите на кои ќе учествуваат осум екипи, објави „Л’Екип“.
Претходно беше познато дека организацијата одлучи да го помине преостанатиот дел од елитното натпреварување за сезоната 2019/20 во форма на мини турнир кон средината на август. Планирано е „Фајнал 8“ да се одржи во Лисабон од 12 до 23 август. Турнирот ќе вклучува четвртфинале, полуфинале и финале.
Од осминафиналната фаза остануваат да се одиграат уште четири реванши:
Реал Мадрид – Манчестер сити 1:2 (прв натпревар)
Челзи – Баерн (0:3),
Лион – Јувентус (1:0)
Наполи – Барселона (1:1).
Пласман во четвртфиналето веќе обезбедија ПСЖ, Аталанта, Атлетико Мадрид и Лајпциг. зс/