Утрински Весник
Македонија

За месец и половина речиси 1000 луѓе санкционирани за неносење на заштита маска

За месец и половина речиси 1000 луѓе санкционирани за неносење на заштита маска

Тетово, 17 март 2020 (МИА) – Тетовската полиција за месец и половина од кога започна примената на уредбата за задолжително носење заштита на лицата има поднесено казни за речиси 1000 лица.

-Од започнувањето на практичната имплементација на владината Уредба за задолжително носење заштита на лицата, Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово вкупно санкционирала 951 лице, кое на ја почитувало, односно ја прекршило истата. Најголемиот број од прекршителите (774) се превезувале без соодветна заштита на лицата во возила, а 177 биле пешаци, кои не користеле заштитни маски или друга заштита и на кои им се изготвени соодветни прекршночни платни налози, со напомена дека глобата за овој вид прекршок изнесува 20 евра во денарска противвредност, се вели во информацијата на СВР Тетово.

Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш апелира до граѓаните да се придржуваат на споменатата Уредба

-Доколку се превезуваат во возило, а не се членови на исто семејство, да носат заштита на лицата, без разлика дали станува збор за две, три или повеќе лица во возилото.Ова, се однесува и на такси возилата и такси-комбињата.Пешаците,пак, доколку одржуваат физичка дистанца можат да се движат и без заштита, но доколку се во група и не одржуваат ваква дистанца, мораат да имаат заштита на лицата, потенцираат од СВР Тетово. ас/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките

ЕСМ понуди поскапа цена на тендерот на ЕВН ХОУМ

Переле пари и приредувале игри на среќа без лиценца: Кривична за сопружници од Штип, нивната ќерка и за уште едно лице