Утрински Весник
Политички Партии

Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ за справувањето со корона кризата

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски на Политичкото Собрание на ЕНП

 

Скопје, 16 јуни 2020

Денес во емисијата на Телевизија Телма гостуваше меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски кој што посочи дека СДСМ треба да одговара за дебаклот што се случи во здравствениот и економскиот дел. Очигледно неспособноста на СДСМ исплива по кој знае кој пат на виделина.

„Има еден термин кој се нарекува одговорност, слушнав многу за гледиштата кон причините зошто ние се наоѓаме во оваа криза, и навистина ми беше непријатно како слушнав дека министерот Наќе Чулев и сите граѓани се виновни. Барем тоа е моја една интерпретација. Постојат институции на систем, постои претседател на Влада, постои министер за здравство, постои Комисија за заразни болести. Па ако влеземе во министерството за внатрешни работи постои и директор на Бирото за јавна безбедност. И сите овие луѓе се од политичката партија на СДСМ“, појасни Муцунски на излагањето на Манчевски во емисијата „Топ Тема“.

Муцунски додаде дека по него имаше неконзистетна здравствена политика, експертите некој ден нека дебатираат зошто Македонија дојде до оваа ситуација да не нарекуваат „Grand zero“ за Ковид во Европа. Имаме застрашувачки бројки, и се уште сме изолирана земја во Европа, од гледна точка отворени гранични премини.

„Политиките во делот на здравство се креираа за да се дојде до брзи парламентарни избори. Тоа беше едно инсистирање на СДСМ. Ние во целокупниот процес на дијалог со сите политички субјекти во државата нагласувавме дека има одредени предуслови кои што се потребни за да дојдеме до парламентарни избори. Факт е дека на државата и се потребни функционални институции, тоа не може никој да го спори. Но за нас пресудувачки факт е можеби состојбата која што се случи токму со корона кризата, односно неспособноста и неподготвеноста на актуелната влада да се справи со оваа пандемија“, нагласи Муцунски.

Муцунски додаде дека предусловите на ВМРО-ДПМНЕ , г. Мицкоски ги објави во недела и тоа беа два предуслови. Прво да се создадат протоколи и политики кои што ќе претставуваат гаранција за здравствениот дел односно процесот на водење на кампања и самиот дел на гласањето. Вториот аспект на ставот на ВМРО-ДПМНЕ зошто требаше баш тој период за одржување на парламентарните избори е факт за да се има фер и демократски избори, а за тоа треба да се има набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР.

Муцунски посочи дека факт е дека СДСМ имаше намера средства да исплаќа во период на кампања.

„Точно е дека сте ги викале претставниците на Стопанските комори, и на опозицијата но колку сте ги слушале. Бидејќи тој совет не ги носи економските политики односно економските политики ги носите вие на седница на Влада. И доколку тие економски политики биле кохерентни, доколку тие економски политики биле ефикасни кон приватниот сектор немаше да имаме 15.000 луѓе кои што се оставени без своите работни места. Немаше стопанските комори до ден денес јас јавно го слушам гласот на Стопанските комори кои што велат дека не се задоволни од мерките кои што се донесени од владата“, нагласи Муцунски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт