Утрински Весник
Македонија

Во МВР моментално има 41 позитивен на Ковид-19, а 180 се во самоизолација

Полицискиот час не го почитувале 46 лица, од нив 41 се приведени

Скопје, 16 јуни 2020 (МИА) – Во Министерството за внатрешни работи во моментов има 41 лице позитивно на Ковид – 19, а 180 вработени се во самоизолација, информира денеска Тони Ангеловски, портпарол на МВР за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.

Ангеловски рече дека бројката на заболени во МВР е променлива, и оти постојано се спроведуваат препорачаните мерки.

– По сознанието дека имаме тројца вработени во првата зграда на МВР, едниот е советникот на министерот Наќе Чулев и двајца вработени во бифето во зградата кое ги опслужува вработените, веднаш е направена епидемиолошка анкета од Институтот за јавно здравје на вкупно 67 лица. Констатирано е дека пет лица треба да бидат во самоизлоација во наредните 14 дена, вели Ангеловски.

Сепак, додадва тој, тие се чувствуваат добро и нема потешка слика кај вработените. Меѓу нив е и државниот сектретар Магдалена Несторовска и едно лице од службата за односи со јавност.

Според портпаролот на МВР, има доволно заштитна опрема за полициските службеници на терен. цр/са/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Максиме прочитан си, сега нема бегање од скандалот со златните парцели

Трипуновски од Василево: Излегуваме во пресрет на земјоделците, побргу ќе ја направиме проценката, за да се обноват површините кои што се зафатени од невремето

СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани: Па покажеме човечност