Утрински Весник
Македонија

Во МВР моментално има 41 позитивен на Ковид-19, а 180 се во самоизолација

Полицискиот час не го почитувале 46 лица, од нив 41 се приведени

Скопје, 16 јуни 2020 (МИА) – Во Министерството за внатрешни работи во моментов има 41 лице позитивно на Ковид – 19, а 180 вработени се во самоизолација, информира денеска Тони Ангеловски, портпарол на МВР за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.

Ангеловски рече дека бројката на заболени во МВР е променлива, и оти постојано се спроведуваат препорачаните мерки.

– По сознанието дека имаме тројца вработени во првата зграда на МВР, едниот е советникот на министерот Наќе Чулев и двајца вработени во бифето во зградата кое ги опслужува вработените, веднаш е направена епидемиолошка анкета од Институтот за јавно здравје на вкупно 67 лица. Констатирано е дека пет лица треба да бидат во самоизлоација во наредните 14 дена, вели Ангеловски.

Сепак, додадва тој, тие се чувствуваат добро и нема потешка слика кај вработените. Меѓу нив е и државниот сектретар Магдалена Несторовска и едно лице од службата за односи со јавност.

Според портпаролот на МВР, има доволно заштитна опрема за полициските службеници на терен. цр/са/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсени 11 лица на територијата на цела држава фатени со дрога

Турски државјани се тепале во Прифатниот центар за странци

Тринаесетгодишно дете повредено по пад од електричен тротнет