Утрински Весник
Македонија

Се се сведува на почитување на мерките-носење маски, одржување дистанца, порача Филипче

Се се сведува на почитување на мерките-носење маски, одржување дистанца, порача Филипче
Dik 300x250 mk

Скопје, 15 јуни 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата нагласи дека предвидувањата на епидемиолозите во однос на податоците и во однос на исцрпувањето на контактите од анкетите што се даваа во изминатиот период, пред се на жариштата, се дека бројот на заболени ќе се намалува.

Но, истакна Филипче, сведоци сме дека даваат луѓето нови и нови контакти и оти има повторно случаи во места во кои има помал број на дијагностицирани, како во Ресен. Се се сведува, дециден беше министерот за здравство, на почитување на мерките.

– Мора да знаеме и да научиме дека мора да живееме со носењето маски и одржување дистанца. Доаѓа период во кој веќе поминато време добар дел од пациентите постепено ќе се отпушаат од болница. Но, не е суштината ние континуирано да имаме еден ист број или зголемување на пациенти, туку суштината е да го заштитиме здравствениот систем и луѓето да научат да се придржуваат до мерките. Нема друг начин на функционирање, нема да има кај нас ниту ќе има некаде во светот, појасни министерот Венко Филипче. цр/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доаѓаат обилни дождови, грмежи и силен ветер

Ѓорѓиевски откри дека 371 вработени се отпуштени од работа, се истражуваат големи малверзации во Комунална хигиена

Сторијата „По трагите на Јулија“ на 360° ја доби првата награда на ЕУ за истражувачко новинарство