Утрински Весник
Македонија

Маврово и Ростуше: Оваа година нема да се плаќа фирмарина

Маврово и Ростуше: Оваа година нема да се плаќа фирмарина

Гостивар, 15 јуни 2020 МИА) – Угостителите, претпријатијата, трговците и други стопанственици кои делуваат на подрачјето на општина Маврово и Ростуше се ослободени плаќање на таксата за истакнување на фирма. Градоначалникот Медат Куртовски дека ослободувањето од обврската се однесува за тековната година.

Советот на општина Маврово и Ростуше на предлог на градоначалникот Медат Куртовски, донесе одлука за ослободување на обврзници од плаќање на комунална такса популарно наречена фирмарина. Со оваа такса се опфатени 207 обврзници и според предвиденото во општинската ака требаше да се селат околу 788 илјади денари.

– Поради состојбата со вирусот Ковид 19, кој ги погоди сите фирми и не беа во можност нормално да функционираат, со оваа одлука општина Маврово и Ростуше ги ослободува од плаќање по основ комунална такса за истакнување на фирма сите обврзници во износ на една годишна обврска согласно евиденцијата со која располага локалната самоуправа, рече за МИА градоначалникот Куртовски.

Ослободувањето од обврската се однесува на сите обврзници, а оние кои имаат долг за повеќе години ќе бидат ослободени од плаќање на комунална такса за првата неподмирена календарска година. Додека оние обврзниците кои ги платиле обврските основ на комунална такса за истакнување на фирма за 2020 година, ќе бидат ослободени од обврската за плаќање на комуналната такса за 2021 година.

Обврската за фирмарина во општина Маврово-Ростуше изнесува две илјади денари за трговец-поединец, а за фирма ДООЛ или друг поголем субјект таа е четири илјади денари. згм/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

На Детска и на Инфективна клиника нема згрижено деца од „Ѓорѓија Пулевски“ поради труење со храна

Меѓуврсничкото насилство може да доведе до депресија и да заврши фатално: Секој втор случај на булинг во Македонија не е пријавен

“Пелистерка” заработи јавна опомена – еве зошто