Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Изборите мора да се согласно Уставот и законите за да имаме легитимен и легален изборен процес

Спасовски: Изборите мора да се согласно Уставот и законите за да имаме легитимен и легален изборен процес

Скопје, 15 јуни 2020 (МИА) – Изборите мора да се спроведат онака како што е напишано во Уставот и во законите и тоа е многу важно за да имаме легитимен и легален изборен процес, напиша на својот фејсбук профил премиерот Оливер Спасовски.

-Ако изборниот процес заврши онака како што е предвидено во Уставот, а тоа е 60 дена за одржување на вонредни парламентарни избори, тогаш мора да ги почитуваме тие одредби и на основа на тоа изборите да се одржат 22 дена по завршувањето на вонредната состојба. Остварувањето на интересите на државата мора да биде врз основа на Устав и на закон, напиша Спасовски.

Во денешното гостување во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ, премиерот Спасовски посочи дека според владината Уредба, Уставот и законите, денот на избори е 5.јули.

– Лидерите имаа време да разговараат за изборниот процес и реков дека до оној момент кога политичките лидери не можат тоа да го сторат, институциите на системот мора да ја преземат одговорноста. Неодговорно е во време на здравствена и економска криза државата да биде оставена со нефункционални институции и без Собрание за контрола на извршната власт, рече Спасовски.

Тој посочи и дека раководството на СДСМ вчера имало состанок, кој ќе продолжи и денеска, и во текот на денот треба да излезе со став за изборниот процес откако вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа дека за нив прв прифатлив термин е средината на јули.

– Добро е да имаме консензус за учество во политичкиот процес. Разговаравме во партијата, за сите нас е важно да се оди на избори со сите политички структури и на тој начин да се добие легитимитет. СДСМ како одговорна политичка партија досега покажа дека има јасни политички ставови, дека не отстапува, туку реализира… Не го разбирам Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ кога би сакал да има избори?! Се навикнавме дека опозицијата нема став за ниту едно клучно прашање. Но мораме да имаме висока свест во рамките на оваа здравствена и економска криза, се со цел да ги комплетираме институциите и да продолжи справувањето со Ковид 19, економската криза, евроинтегративниот пат и сл“, изјави Спасовски.

Во случај ВМРО-ДПМНЕ да се реши за бојкот на изборите, тогаш нејзините функционери, според техничкиот премиер, треба да се повлечат од Владата од морални причини.

Воедно, Спасовски потенцира и дека престануваат сите владини уредби за кои е предвидено дека траат до завршувањето на вонредната состојба, а сите оние кои имаат важење и по вонредната состојба, ќе останат во сила.дма/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Казни до 400 до 5.000 евра за сопственици на домашни миленици, се подготвува нов Закон за заштита на животните

Четири лица уапсени во Муртино поради дрога

Лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје биле поврзани со Исламска држава, велат од АНБ