Утрински Весник
Спорт

Милер со појаснување за трансфер политиката на Баерн: Мојата изјава е погрешно протолкувана

Милер останува во Баерн Минхен до 2023 година

Минхен, 14 јуни 2020 (МИА) – Томас Милер ја разјасни својата изјава за трансфер политиката на Баерн (Минхен). Во телевизиско интервју по победата во Купот на Германија во средата против Ајнтрахт (Франкфурт), тој коментираше дека е „малку парадоксално кога секогаш се зборува за нови додатоци, а во исто време платите на играчите се намалуваат“.

Вчера, спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ, ги замоли играчите да се воздржат од давање јавни изјави за трансфер политиката на клубот.

Во својот профил на Твитер, Милер рече дека неговата изјава е намерно погрешно толкувана од страна на медиумите и дека остава впечаток дека дури и во овие тешки времиња, големи трансфери сè уште се можни.

– Лично, го сакам најдобриот можен состав за следната сезона. Имам големи цели. Сакам да ја освојам Лигата на шампионите. Сакам да нападнеме, да го продолжиме она што го имаме во моментот, рече Милер.

Поранешниот германски репрезентативец додаде дека фудбалерите се откажале од дел од своите плати за да им помогнат на вработените во клубот во позадина на кризата поради пандемијата од коронавирус и инсистира на тоа дека тој се уште сака да има врвни трансфери во тимот на Баерн, што може да ја донесат осмата последователна титула во Бундеслигата во вторникот.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мбапе го купи францускиот второлигаш Каен

Пан го урна светскиот рекорд па „удри“ по колегите од Австралија и САД

Милан го победи Реал, Луверпул славеше над Арсенал