Утрински Весник
Македонија

Утврден протокол за непречен транзит на странци преку Табановце, Девер Баир, Богордица, Ќафасан, Блаце и аеродром Скопје

Официјалниот старт на заедничките контроли на Табановце на крајот на август
Dik 300x250 mk

Скопје, 13 јуни 2020 (МИА) – Владата на Република Северна Македонија на денешната 66-та седница донесе Протокол за непречен транзит на странски државјани низ територијата на земјава, со кој се  утврдува дека државјаните на други држави кои транзитираат низ територијата на Република Северна Македонија можат, до целосната либерализација на режимот за влез и излез во нашата држава, да ги користат  гранични премини: Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан, Блаце и аеродром Скопје.
-Транзитот на овие лица подразбира влез на еден граничен премин и излез на друг со обврска при транзитот да не се излегува од соодветниот автопат или локален пат и тој да се реализира во рамките на најмногу пет часа што се потврдува со изјава која странските државјани треба да ја пополнат на влез, а на излез треба корисникот да ја предаде на граничната полиција со цел да се контролира времетраењето на транзитот, стои во соопштението од владината прес-служба.скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел

Зимски ред на летање на аеродромите во Скопје и Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме голема предност пред вториот круг, очекуваме убедлива победа