Утрински Весник
Спорт

Пиоли: Пеналот во првиот меч се покажа како пресуден

Пиоли: Златан се лути затоа што можеше да одигра подобро

Торино, 13 јуни 2020 (МИА) – Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, беше разочаран од начинот на кој неговиот тим испадна од Купот на Италија.

Вчеравечер „росонерите“ одиграа 0:0 против Јувентус на стадионот „Алијанц“, но беа елиминирани поради ремито 1-1 на првиот натпревар во Милано и гол на туѓ терен во корист на „бјанконерите“.

– Разочаран сум што испаднавме на овој начин. Пеналот за Јуве во првиот меч се покажа како пресуден. Денес (вчера) ја почувствувавме напнатоста од пресингот и играта на противникот. Направивме наивен пенал и црвен картон, но после тоа одигравме доста добро и дури имавме две или три шанси да постигнеме гол. Ако влегоа … Штета е што сме елиминирани, затоа што Купот беше нашата главна цел. Сега треба да се квалификуваме за Европа преку Серија „А“, рече Пиоли по синоќешниот меч.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина