Утрински Весник
Македонија

Во изолација 790 лица, шестмина не ја почитувале, а 1071 не носеле маски

Во изолација 790 лица, шестмина не ја почитувале, а 1071 не носеле маски

Скопје, 13 јуни 2020 (МИА) – Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија на 790 лицa им се издадени решенија за изолација, а 214 лицa потпишале изјави за самоизолација, соопшти МВР.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека шест лица не ги почитувале мерката за изолација и самоизолација.

За неносење лична заштита на лице санкционирани ќе бидат 1071 лице.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Културната дипломатија е незаменлив дијалог, и во мир, и во криза

Камион пропадна на улицата „Аџи Мустафа“ во Охрид

Автомобил се преврте на автопатот Скопје–Велес, повредени три девојки