Утрински Весник
Спорт

Леонардо го бара Алегри во ПСЖ

Алегри не размислува за напуштање, сака да изгради „нов Јувентус“

Париз, 12 јуни 2020 (МИА) – Поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри е причина за несогласување меѓу лидерите на Пари Сен Жермен, пишува „Екип“.

Според публикацијата, спортскиот директор Леонардо во лицето на италијанскиот стручњак гледа идеален иден тренер на тимот.

Сепак, сопственикот на клубот, Насер Ал-Хелаифи не го споделил своето мислење и продолжува да има доверба во Томас Тухел, кој во моментов е шеф на францускиот шампион.

Германецот има договор со парижаните до летото 2021 година, и има намера да го исполни.

Така, Алегри, кој исто така беше поврзан со Манчестер Јунајтед и Арсенал, можеби ќе треба да го продолжи одморот откако го напушти Јувентус пред една година.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ